Бело какадуevelaoaahahar lel2d E
| Бело какаду | |
|---|---|
Заштитен статус
| |
Загрозен (МСЗП 3.1)[1] | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордови |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Папагаловидни |
| Семејство: | Какадуа |
| Род: | Какаду |
| Подрод: | Какаду |
| Вид: | Бел какаду |
| Биномен назив | |
| Cacatua alba Müller, 1776 | |
Бело какаду (науч. Cacatua alba) — средно голем бел папагал од родот какаду (Cacatua) ендемски тропските дождовни шуми на островите на Индонезија. Кога е изненаден, папагалот ја крева големата печатлива цуцулка, која има полукружен облик како чадор. Крилјата и опашката здола му се светложолти или лимонести кои се истакнуваат во лет. По особини е сличен на другите видови какадуа со бела боја, како што се малото жолтоцуцулесто (C. sulphurea), големото жолтоцуцулесто (C. galerita) и молучкото какаду (C. moluccensis), со тоа што кај нив цуцулката е жолто, портокалова и розова наместо бела.
Содржина
- 1 Распространетост
- 2 Размножување
- 3 Чување како миленици
- 4 Наводи
- 5 Надворешни врски
Распространетост[уреди | уреди извор]
Оваа птица е ендемска во низинските тропски шуми на островите Халмахера, Бачан, Тернате, Тидоре, Касирута и Мандиоли (од групата Баџан) in Северно Малуку, Индонезија. Единките на островите Оби и Биса (од групата Оби) се сметаат за доведени. Живеат во првични, сечени ивторични шуми под 900 м надморска височина. Се среќава и во мангрови, плантажи (вкл. кокосови) земјоделско земјиште.
Живеат во парови, во помали или поголеми јата (до 50 единки). По природа се претпазливи и најголемиот дел од денот го поминуваат во крошните на дрвата. Бодат седечки живот, но почнуваат да се селат при недостаток на храна. Дење се собираат во групи до 50 единки, а ноќе на високи самостојни дрва. Грбовите си ги чешаат од гранките. По дрвата чукаат со гранчиња, известувајќи ги другите птици дека дадената територија е зафатена. Се хранат со плодови (папаја, дуријан), оревести плодови, со зрнести плодови (пченка), со семиња, бобинки, инсекти (штурци) и нивните ларви, мали влекачи (скинкови). Во периодот на размножување, голем дел од храната им се состои од инсекти. Овие птици нанесуваат значителна штета на пченкарните полиња.
Размножување[уреди | уреди извор]
Единките од спротивен пол се спаруваат во двојки доживотно. Ако се оддели од брачниот другар, птицата може да падне во голема депресија. Се гнездат во шуплините на на си на врвовгнилите дрва и на нивните врвови, на висина од 5 до 30 м. Обично снесуваат по 2—3 јајца. Нив ги квачат обата родитела, и тоа во период од 28 до 30 дена. Младите добиваат перја на возраст од 2 месеца. Женката несе јајца еднаш годишно.
Чување како миленици[уреди | уреди извор]
Велото какаду е многу доверлив папагал кој силно се приврзува за сопственикот. Се среќаваат единки што зборуваат, а останатите се помалку способни за говор, но сепак со значајна дарба за огласување. Ако птицата се чува сама, бара . Продолжительность жиголемо внимание од сопственикот. Живеат 50 до 70 години.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ BirdLife International (2013). „Cacatua alba“. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013. (англиски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
| „Бело какаду“ на Ризницата ? |
Бело какаду на Викивидовите ?- Бело какаду (Cacatua alba) — Енциклопедија на живиот свет
- Бело какаду — BirdLife (англиски)
- MyToos — информации за